22:17 – Во скопско Арачиново вечерва се спроведува полициска акција која се уште е во тек, потврди за МИА, портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Повеќе детали за полициската акција портпаролот на МВР најави за утре.
21:59 – МВР потврдва дека во тек е полициска акција. Неофицијално дознаваме дека запленета е голема количина на дрога и оружје.
21:40 – Оклопни возила се наоѓаат пред селото Арачиново
21:20 – Поради безбедносни причини, формиран е безбедносен круг. Пристапот е забранет.
Голем број на полициските сили вечерва се наоѓаат во скопско Арачиново. Министерството за внатрешни работи сè уште не дава информации за што точно станува збор.
Според јавувањето од репортерот на ТВ21, на терен се повеќе од триесетина специјалци и голем број на полициски возила.
Екипа на ТВ21 се наоѓа на терен и известуваше во живо.
Оваа вест се ажурира постојано…