Во зима дома да не биде топло за по кратки ракави, Битиќи: Ако се греете на 24 степени. треба да се навикнете на 22 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата Клик Плус истакна дека треба да прифатиме дека живееме во економска криза и граѓаните ќе треба да научат да живеат со тоа. Како пример, рече дека потребно е да штедиме и на електрична енергија во текот на зимските месеци.

Додаде дека енергетската криза барем малку ќе се регулира со измената на тарифниот модел, со креирање поправеден начин за тарифирање на електричната енергија како за малите потрошувачи така и за големите на начин како би се ослободил одреден процент електрична енергија.

За поскапувањето на основните прехранбени производи Битиќи рече дека ова што се случува е воено профитерство. Спомна и пример каде во еден маркет цената на тестенини од 500 гр од 40 денари е покачена на 69 денари и тоа 2 минути по полноќ,веднаш по завршување на антикризните мерки на Владата.

Битиќи во Клик Плус додаде дека економската криза ќе нè следи и на почетокот на 2023 година.