Возачи 30 години, сега без работа! – Приватните превозници продолжуваат со блокади

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тие се пријатели и колеги. 30 години работат како возачи во автобусите на јавниот превоз, едниот на линија 23, а другиот на линија 45. Денеска од 6 часот наутро стојат пред вратите на Град Скопје и чекаат некој да ги прими, но безуспешно.

Приватните превозници ги паркираа автобусите на улицата Илинденска и таму ќе останат до 17 часот блокирајќи ја едната коловозна лента од двете страни на улицата. На овој начин сакаат да и покажат на градоначалничката Данела Арсовска колку се на број.

За раскинувањето на договорите од страна на Арсовска, превозниците велат дека случајот ќе има правен епилог.

Утре и задутре нема да има протест, додека од понеделник ќе има целосна блокада на сообраќајот на раскрсницата кај Мавровка, Црвен Крст и Илинденска. Приватните превозници бараат ЈСП да го исплати долгот кон нив кои според нив изнесува над 2 милиони евра.