ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна авион во Австралија, најмалку три лица загинаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица загинаа, а тројца се повредени при уривање на мал авион во близина на градот Перт во западна Австралија, соопштија денеска локалните власти.

Како што се наведува, во несреќата загинале туристи од Швајцарија и Данска и пилотот, пренесува Ројтерс.

Авионот превезувал шест туристи кога се урнал во вторникот попладне кај островот Ротнест, популарна туристичка дестинација на околу 30 километри западно од Перт, се вели во соопштението.

Останатите тројца се повредени.