Врховниот суд го одби барањето на Трамп да го одложи изрекувањето на казната во случајот со Сторми Даниелс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одбиената е жалбата на адвокатите на Доналд Трамп за одложување на пресудата за 34-те кривични дела во врска со случајот со порноактерката Сторми Даниелс на новоизбраниот претседател на САД. Адвокатите бараа одложување на пресудата, што доаѓа само 10 дена пред тој да положи заклетва.

Одлуката е голем пораз за 78-годишниот Трамп. Пред да оди во Врховен, жалбите на Трамп беа веќе отфрлени од понискиот суд.

Сепак, и покрај тоа, одлуката нема да влијае на неговото преземање на функцијата претседател на САД.

Судиите беа поделени, а четворица конзервативци – Кларенс Томас , Семјуел Алито , Нил Горсух и Брет Кавано – го поддржаа барањето, додека мнозинството од пет судии го отфрли.

Одлуката делумно се заснова на ставот дека казната ќе има минимално влијание врз одговорностите на Трамп како иден претседател.