Врнежи од снег на Попова Шапка – намалена видливост, возете внимателно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла видливоста е намалена од 70 до 80м. на патниот правец Куманово- Страцин, од 20-30м. на патниот правец Тетово- Попова Шапка и до 100м.  на планинскиот превој Ѓавато.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.