Вучиќ ја потпиша согласноста за враќањето на задолжителниот воен рок во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека ја потпишал согласноста за враќањето на редовен воен рок на 75 дена.

„Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја усвои таа одлука“, рече Вучиќ на 14 септември во Белград, на церемонијата на промоција на најмладите офицери на српските вооружени сили.

„Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни треба силна војска, уште колку ќе треба да купуваме оружје, да правиме, да создаваме, бидејќи не е наша желба да нападнеме некого, ниту ќе го правиме тоа. нашата желба е да ги одвратиме сите оние кои ни се закануваат секојдневно без страв“, додаде тој, без да прецизира кој и се заканува на Србија.

Ден претходно премиерот Милош Вучевиќ изјави дека Владата на Србија е подготвена, доколку се постигне политички и општествен договор, многу брзо до Собранието да поднесе предлог-закон за враќање на воениот рок.