Откако група од 62 пратеници доставија Предлог за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија, претседавачот ја закажа првата констутивна седница. Истата ќе се одржи во 12 часот. Седницата требаше да се одржи вчера, но поради отсуство на дел од пратеници, истата беше одложена за денеска.
„Претседавачот г. Талат Џафери за денеска 21 август 2020 година, во 12 часот го закажа продолжението на Првата-Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија.
Во врска со одржувањето на првото продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, а со цел целосно да се испочитуваат безбедносните протоколи предвидени од Комисијата за заразни болести, Ве информираме дека:
За да се избегне поголемо групирање, Конститутивната седница ќе може да ја следат само двајца претставници од секој медиум, односно само оние што веќе се пријавени до Одделението за односи со јавност на Собранието за седницата што беше закажана за 4 август 2020 година.
По завршувањето на седницата, изјави ќе можат да се дадат во Кристалната
сала на Собранието на Република Северна Македонија, каде што за таа цел ќе бидат обезбедени соодветни технички услови и соодветна физичка дистанца.“, велат од Собранието.
