Заменик министерот за образование и наука, Љулзим Алиу, го повтори она што претходно го кажа министерката за образование, Весна Јаневска, дека нема основа за да се плати долгот од 8 милиони евра кон Градот Скопје. Овој долг го обелоденија од град Скопје, по средбата меѓу Арсовска и Мицкоски, од каде соопштија дека Владата сака да му помогне на Град Скопје со пари кои се уште ги должи на јавното претпријатие ЈСП Скопје. Заменик министерот Алиу во Дејли Клик вели дека извештаите треба да се достават врз основа на евиденциите на учениците и студентите кои користеле јавен превоз.
Тој долг не е дека министерството не го платило, туку дека ќе мора да …
министерката вели дека нема основа да се платат 8 милиони евра.
Нема основа затоа што ќе треба во Министерството да се достават извештаи врз основа на евиденциите за бројот на ученици кои користеле јавен превоз, изјави Љулзим Алиу, заменик министер за образование и наука.
Министерот Алиу вели дека Министерството континуирано плаќало за јавниот бесплатен превоз, но тие биле во рамките на блок дотациите што Министерството секоја година им ги доделувало на општините, вклучително и на градот Скопје. Сепак, според Алиу, овие проблеми насатанале бидејќи претходната влада мислела дека ќе биде вечно на власт и сите договори ги склучувала само усно.
За жал, има случаи кои се договорени само усно и нема писмени договори врз основа на кои ќе може да се постапи потоа. Лошо е што претходната власт веројатно верувала дека ќе можат вечно да бидат на власт и имаа самодоверба дека ќе можат да решат се. Тоа нам ни остави потешкотии и проблеми бидејќи не можеме да функционираме само со усни договори, изјави Љулзим Алиу, заменик министер за образование и наука.
За исплата на долгот министерката Јаневска е подготвена да се соочи и на судот.
Инаку, овој предлог на Владата, од Град Скопје го оценија како напад врз граѓаните на Скопје, бидејќи, како што тврдат, ќе се скратат средствата предвидени за автопатот „Хасан Приштина“.
