За градоначалникот Марин, Скопје не е Дубаи, милиони денари годишно „протекуваат“ од фонтаните во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од вкупно 15, во општина Аеродром 3 фонтани се преуредени во детски игралишта, зеленило или хортикултурно уреден простор.

За нивно одржување оваа општина годишно троши 6 милиони денари.

„За одржување на тие фонтани се трошат околу 6 милиони денари годишно. Нашата идеја е дека не треба да се фрлаат толку пари за такви проекти, бидејќи може за многу поефтини пари за да направт поубави паркови, кои што нема да црпат средства од буџетот. Ќе ги земам за пример фонтаните за пиење вода, пред да се сменат со оние со тастери сме плаќале 20 000 денари за една фонтана, а сега плаќаме 1000 денари“, истакна градоначалникот на О. Аеродром, Златко Марин.

Градоначалникот додава дека по договор со граѓаните, старите фонатени се отстранувале или преуредувале, а новите одржувале.

Марин вели дека Скопје не е Дубаи за да може да си дозволи толку фонтани. Па вели дека ќе продолжи со хортикултурно уредување на останатите застaрени фонтани како и таа позади Т.Ц Бисер.

Инаку, 35 милиони денари „протекуваат“ годишно од фонтаните на плоштадите Македонија, Филип 2, фонтаните кај Жена Парк и останатите кои се наоѓаат во центарот на Скопје.