Array

Забава плус за нив: Децата со Даунов синдром на натпревар во пливање

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во зимскиот базен во Скопје се одржа натпревар во пливање  за лицата со посебни потреби. Весна Цветковска дојде да го гледа натпреварот и да ги поддржи лицата со даунов синдром. Иако нејзиниот син не учествува поради здравствени причини, таа сепак дојде како поддршка за неговите другари.

Претседателката на здружението Инсомниа 21, Сузана Стојановска, рече дека недостасуваат доброволци за работа за лицата со посебни потреби.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, рече дека следната година ќе има повеќе активности за лицата со посебни потреби.

Овој настан се организира за прв пат во нашата земја. Имаше гости и од соседните држави како Бугарија и Србија.

Репортер: Африм Јонузи