Македонија пат известува дека од 17.00ч поради врнежи од снег и ниски температури на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан се воведува забрана за сообраќај на тешките товарни возила.
За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.
