Премиерот Зоран Заев денеска при работната посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ, истакна дека е благодарен на канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Посебна благодарност до канцеларката Меркел и претседателот Макрон кои што дефинитивно посветија значајно време да поразговараат и со мене и со претседателот Радев во функција на изнаоѓање решение“, истакна Заев, а известува специјалниот дописник на ТВ21 од Брдо, Словенија.
