Заев: Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил упати честитка до граѓаните по повод верскиот празник Прочка.

„Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето. Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот. Тоа е концепт што носи добро за сите. Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост додека го градиме нашиот заеднички дом – дом за достоинствен живот и правда за сите наши граѓани. Честит празник – Прочка! Имајте убав и спокоен празничен ден“, пишува Заев.