Заев: Не ми пречеше пркосот на Пауноски, туку неговиот инает и неспроведување на одлука на Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев денеска на седницата на пратенички прашања, на прашањето на пратеничката Гордана Силјановска – Давкова, коментираше за Стојко Пауновски.

Силјановска-Давкова рече дека разрешувањето на Пауновски е против начелата на правото.

-Жалам за коментарите дека ми пречел пркосот. Пркосот навистина е вредност и кога тој доаѓа и од институција е исто така вредност, но инаетењето и неспроведувањето на Одлука на Влада и на етичката поставеност дефинирана во норматив што се вика Етички кодекс не е, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање.

Заев нагласи оти Пауновски не сакал да го спроведе законско решение кое го донел македонскиот Парламент односно планот од К-5 програмата за конечно, како што рече, 1349 веќе вработени лица според програмата за правична застапеност на конкретни работни места и со конкретен ангажаман во 237 институции.