Заев: Ова е моментот кој ќе покаже дали опозицијата навистина има мнозинство кое го најавува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоран Заев, претседателот на Владата ја образложи причината зошто бара гласање на доверба на Владата, која ќе се случи денеска во Собранието, откако беше ставена како точка на дневниот ред, и кој дневен ред беше изгласан од пратениците.

Заев рече дека ова е моментот да се види дали навистина има мнозинство од опозицијата кое беше најавено претходно, и дека ќе ја падне владата.

„Со оваа постапка еве, застанувам пред вас, во име на владата, и ја превземам одговорноста барам да бараме за доверба на владата. Да го видиме на дело тоа толку најавено мнозинство од опозицијата која ќе ја падне владата. Ова е моментот со кој ќе им покажеме на граѓаните колку се вистина зборовите на опозиицијата. Стабилна власт со стабилно мнозинство или неодговорна опозиција. Мора да е едното од двете.“, рече Заев.

Тој потоа ги истакна работите кои оваа влада ги реализирала во последните шест месеци.

По гласањето на доверба, 62 пратеници го кренаа зелениот картон, со што Владата доби доберба од Собранието.