Заев: Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, пет милиони евра помалку од пропаднатиот попис во 2011 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоран Заев, претседателот на Владата, на денешната прес-конференција истакна дека во 2021 година, еден од приоритетите ќе биде и спроведување на пописот на населението.

Заев истакна и колку ќе чини пописот.

„Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, или пет милиони помалку од пропаднатиот попис во 2011 година“, рече Заев.

Премиерот Заев е уверен дека пописот ќе се спроведе идната година, и после 17 години ќе имаме попис.

„Во Северна Македонија нема попис 17 години. Пописот ќе се спроведе не затоа што сака Заев, ниту дека бара Мицкоски, туку поради тоа што е важно за развој на државата“, смета премиерот.