Заев: Солидарноста, системското функционирање во координација со меѓународните сили помогнаа да се изгаснат пожарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев вечерва на „Фејсбук” напиша дека солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите.

– Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија. Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните, напиша Заев.