Заглавени македонски граѓани во Истанбул прво побарале, па потоа одбиле да се вратат поради задожителниот карантин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека неколку македонски државјани заглавени во Истанбул, требало со хуманитарен лет преку Црна Гора да се вратат во Македонија, но откако дознале дека мора да бидат во карантин, се откажале од намерата.

„Вчера како министерство организиравме неколку македонски граѓани во Истанбул со хуманитарен лет преку Црна Гора, да ги вратиме во Македонија, нормално притоа ќе мора да минат во државен карантин. Откако дознаа дека ќе мораат во карантин, ниту еден не ја прифати таа варијанта. Значи, едноставно, тоа е задолжителен карантин на трошок на државата“, рече Димитров.