Заглавениот брод во Индискиот океан во секој момент може да се преполови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На бродот, кој на 25 јули се насука на коралниот гребен во Индискиот океан кај Маурициус , се појавиле пукнатиним и се чини и дека во секој момент ќе се преполови.

Јапонскиот брод „Вакашио“ е долг 299,5, а широк 50 метри, и има 20 членови на посадата.

Плови под знамето на Панама, а сопственик е компанијата „Окијо Марине“, огранок на „Нагашики шипинг“. Се верува дека бродот превезувал околу 4.000 тони гориво, а се стравува дека во водата е испуштено најмалку 1.000 тони гориво.

Од него се излива нафта која предизвикува еколошка катастрофа бидејќи ги загрозува коралите, рибите и друдиот морски свет во Индискиот океан. Активистите јавуваат дека веројатно ова ќе биде најлошата еколошка криза во историјата на државата.

Жителите на сите начини пробуваат да ја спречат катастрофата, па прават бариери од слами, облека.