Нов судир меѓу власта и опозицијата. Овој пат за законот за амнестија. Министерот за правда Кренар Лога ги повика сите координатори на политичките партии да се произнесат за предложениот закон, а притоа да се води грижа во овие предлози да бидат опфатени само лицата кои имаат казни до шест месеци затвор. За оние кои имаат казни нешто повеќе од шест месеци, 30% од казната ќе биде отстранета.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Лога го смета за фејсбукџија и неговиот апел преку социјалните мрежи го смета за несериозен. Тој смета дека тоа се прави со цел да се ослободат криминалците. криминалците.
Но, премиерот Ковачевски уверува дека овој закон не предвидува ослободување на лица кои сториле тешки кривични дела, вклучително и злоупотреба на службената должност. Сепак, според него, сите пратенички групи ќе можат да се изјаснат кога предлогот ќе помине во Собранието.
За закон сомнежи има и албанската опозиција. Фадиљ Зендели од Движење Беса смета дека еден ваков закон кој се носи на крај на мандатот, е дискутабилен. Според него, ова може да има одредени политички мотиви.
-Она што можам да го коментирам како пратеник и како политичар, можам да кажам дека е малку дискутабилно кога се носат вакви предлози за амнестија на крајот на мандатот. Тие имаат одредени политички мотиви од страна на Владата и власта. Ќе заземеме политички став откако ќе го прочитаме текстот-вели Зендели од БЕСА.
Инаку, со оваа амнестија ќе бидат ослободени 250 затвореници, а на над 2300 други ќе им биде намалена казната.
