Законот за високо образование во постапка – ВРЕДИ: Зошто Џафери не ги потпишува колективните договори?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во однос на колективните договори на 5 јавни универзитети, од Собранието информираат дека парламентарното мнозинство во собраниска процедура го ставило предлог законот за изменување и дополнување на законот за високо образование. За истото, постапката се одвива според прописот, а претседателот на собранието, Јован Митрески на следната седница ќе го стави на разгледување пред пратениците овој предлог закон. Во меѓувреме, опозицијата го обвинува Талат Џафери зошто не го потпишал колективниот договор додека беше Претседател на Собранието пред распишувањето на изборите, како што тоа го направи со УКИМ.

„Џафери вели дека не знаеле да напишат барање кое е дополнителна навреда за интелектуалната елита. ДУИ во синдикатот кога организираа генерален протест го испрати Арбр Адеми да го извести факултетот дека во овој период не може да се потпише колективен договор поради изборниот период. Затоа, јавно поставуваме прашања до ДУИ – Зошто Талат Џафери не го потпишал колективниот договор пред распишувањето на изборите, како што тоа го направи со УКИМ.“, вели Блерант Рамадани од ВРЕДИ.

Пратеникот на ДУИ, истовремено и професор на ТУ, Арбр Адеми во емисијата 10 Минути на ТВ21 рече дека предлог законот за високо образование го доставиле во Собрание и сега се чека да го поддржат сите пратеници, и со овој закон членовите кои УКИМ ги склучи со Собранието во декември 2022, ќе важат за сите државни универзитети. Адеми исто така додава дека законот се очекува да помине на пленарна седница во текот на оваа недела.

„Оваа точка како прво не е колективен договор, ова е повеќе од колективен договор. Ова е предлог закон кој треба да се претвори во закон. Минатата недела, во вторник на владина седница е потврден колективниот договор за УКИМ кој го склучиле тие од декември 2022 година, а почетокот на имплементацијата е на почетокот на 2024 година и од моментот на таа одлука навистина имаше револт кај универзитетите и вработените во универзитетите.“, изјави Адеми.

Во врска со обвинувањата од коалицијата ВРЕДИ, дека Адеми излегол за да се шегува со професорите, тој вели дека излегол на протест за да се солидаризира со неговите колеги.
Инаку, вчера 5 јавни универзитети излегоа на протест пред нивните објекти за покачување на платите за 22%.