Завршена обдукцијата на сите загинати во Нови Сад, повредените и натаму се борат за живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Весна Туркулов, директор на Клиничкиот центар во Војводина изјави дека повредените од вчерашната трагедија во Нови Сад се уште се во многу тешка состојба.

„Повредените се уште се во многу тешка состојба. Ситуацијата е сеуште многу тешка. Неблагодарно е да се даваат прогнози, се работи за повреди опасни по живот. Сите се оперирани, но нивните животи се уште се во опасност”, изјави директорот на Клиничкиот центар во Војводина. 

Таа додаде дека пациентите засега не се свесни и дека сите се на апарати.

„Пред околу еден час заврши обдукцијата на сите 14 жртви во несреќата што се случи вчера. Сите тела се идентификувани, а некои семејства веќе ги презедоа телата“, пишува Курир.