Завршија во полициска станица поради протести – не ги најавиле, а два дена го блокираат автопатот Миладиновци – Штип

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неколку жители од селото Средно Коњари вечерва се во полициската станица во Автокоманда да дадат исказ поради протестите кои ги организираат во изминатите два дена.

Тие два дена по ред го блокираат автопатот Миладиновци-Штип на клучката кај нивното село.

Исказот во полициска станица го даваат поради тоа што не ги пријавиле протестите, а блокирале два часа автопат. Поради тоа можат да заработат и кривични пријави.

Блокирањето на автопатот, како што велат жителите, е резултат, бидејќи компанијата повторно започна со ископот на песок во близина на селото и нивните куќи, што според нив го уништува плодното земјиште.

Според жителите, неконтролираните ископувања на песок ги загрозуваат нивните домови и природните ресурси. Вреди да се спомене дека жителите на Коњаре неколку пати протестираа за ова, но последната информација што ја објави Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање е дека веќе се подготвува нова студија од геодетска компанија.

Компанијата која врши ископ има добиено лиценца.