Здружението на фудбалери стои на страната на Мбапе: „Ова е ментална злоупотреба“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако Пари Сен Жермен реши да не го носи Килијан Мбапе на турнеја низ Азија, со кого е во тивка „војна“ за продолжување на соработката, со соопштение се огласи Здружението на професионални фудбалери на Франција.

Мбапе одбива да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на јуни 2024 година, а ПСЖ од своја страна се заканува дека нема да го пушти да си замине како слободен играч. Донекаде очекувано, бидејќи клубот за него плати 165,7 милиони фунти во 2017 година кога дојде од Монако.

Соопштението по овој повод го објави Здружението на професионални фудбалери на Франција (УНФП).

„Фудбалерите мора да имаат исти услови за работа како и сите други работници. УНФП смета дека би било корисно да се потсетат менаџерите дека притисокот врз вработените да ја променат нивната работна средина, на пример со напуштање или прифаќање на она што го сака работодавачот, е психичка злоупотреба, што е забрането според францускиот закон.

УНФП го задржува правото да ги покрене сите можни граѓански и кривични постапки пред судот против клубовите кои се однесуваат на овој начин“.