Зеленски со одговор за договорот меѓу Трамп и Путин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина нема да прифати какви било договори постигнати меѓу САД и Русија без нејзино учество, изјави попладнево Володимир Зеленски.

Зборувајќи за новинарите за неговиот телефонски разговор со Доналд Трамп, Зеленски истакна дека од клучно значење е Украина да биде присутна на преговарачката маса.

Тој додаде дека за време на разговорот со Трамп не се споменувало членство на Украина во НАТО, но признал дека е свесен за ставот на САД дека не ја сака Украина во тој одбранбен сојуз.

Мирот во Украина ќе го договорат Трамп и Путин – Европската Унија бара да биде вклучена во преговорите

„Путин сака да води преговори само со Америка“

„Денес е важно ништо да не се случи според планот на Путин. Тој сака да ги води сите преговори билатерално со САД“, нагласи Зеленски.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж за мировен договор, но се чини дека тој веќе направил одредени отстапки пред Путин пред почетокот на преговорите. Трамп синоќа изјави дека „непрактично е Украина да стане членка на НАТО“ и дека „не е веројатно дека ќе можат да ја вратат целата окупирана територија“.