Земјоделците од Полог се соочуваат со загрижувачка ситуација, нивните посеви се оштетени, бараат поддршка од Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Континуираниот дожд за околу 45 денови во Полог предизвика значителни штети на земјоделските култури, особено на компирот и доматот. И покрај напорите на земјоделците неколку пати да ги засадат, резултатот е нула. Ниту една од овие земјоделски култури не го даде својот плод, а врнежите ги оштетија и црешите и сливите. Земјоделците сега изразуваат загриженост дека во оваа сезона немаат никакви производи во Полог, а тоа негативно ќе се одрази и овие производи ќе бидат поскапи на пазарот.

„Големата влага и болестите не “убија“. Ги засадивме компирите, не успеа, ги прскаме но не помогна ни тоа и што да правиме. Добро што дојдовте и многу добро што дојдете за да ја покажете направената штета кај компирите, јас немам никаков профит и размислувам да ја изорам нивата но немам што да засадам бидејќи сега е средина на летото.“, вели Абедин Адили.

Доколку државата не интервенира за да им помогне на земјоделците, тие нема да имаат финансиски средства да садат следната година. Поради овогодишните штети, тие инвестирале неколку и на крајот ништо не заработиле, а ги изгубиле и вложените пари. Земјоделците посочуваат дека до сега ниту една институција не била активно вклучена за да им помогне и никој не се ангажирал за да се справи со нивната состојба.

„Барам да се платат овие штети поради тоа што другата година немаме што да садиме. Или компирите или пченката, тиквите, пиперките, доматите и не знам што. Оваа Влада не се интересира за нас. Ако не платат, другата година нема да садиме бидејќи ќе никне трева. Било каков лек и да прскаш тревата не можеш да ја уништиш, има силни корени. Од друга страна владата не е заинтересирана. И да не доаѓаат кај мене, мило ми е што вие дојдовте за да ја видите состојбата. Тие да не дојдат бидејќи ќе ги избркам.“

Бројот на земјоделци во полошкиот регион е значително намален, поради тоа што се соочуваат со бројни проблеми. Голем проблем е и недостигот на функционален систем за наводнување. Високите цени на семињата се дел од предизвиците со кои се соочуваат земјоделците. Поради недостигот на владина поддршка и проблемите со системот за наводнување многу семејства ги напуштат своите домови и заминуваат во странство.