Земјотрес во БИХ, почувствуван во Дубровник – „Се слушна како експлозија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Умерен земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтер вечерва ја погоди БИХ на границата со Хрватска, јавуваат тамошните медиуми.

Епицентарот бил на 8 километри југоисточно од Столац, на длабочина од еден километар. Бил почувствуван и во Мостар.

Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, во Метковиќ и во Дубровник.

„Добро се тресеше во Столац. Како експлозија, удар“, напиша еден жител на ова место.