Бројот на заразени со коронавирусот во изминатите 24 часа во Велика Британија е зголемен за 60.916, додека според официјалните податоци бројот на смртни случаи е 830.
Ова е зголемување во споредба со претходниот ден кога бројот на заразени беше 58.784, а бројот на смртни случаи 407.
Вкупниот број лица заразени со вирусотво Велика Британија е 2.774.479, додека од почетокот на пандемијата починале 76.305 лица.
