Жена осудена на шест години затвор за обид за убиство на американскиот министер за финансии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американката Рајли Инглиш (26) е осудена на шест години и еден месец затвор поради план за убиство на американскиот министер за финансии Скот Бесент, соопштено е по изрекувањето на пресудата пред федералниот суд во Вашингтон.

Инглиш, трансродова жена од Масачусетс, била уапсена во јануари 2025 година, откако пристигнала пред американскиот Капитол, каде што на полицијата ѝ кажала дека имала намера да го убие Бесент на денот кога тој требало да биде сослушан во Сенатот во рамки на постапката за потврдување на неговото назначување.

Кај неа биле пронајдени два импровизирани молотови коктели, запалка и преклопен нож.