Бесими: На граѓаните ќе им се избришат каматите кон институциите, но основниот долг ќе треба да си го платат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата ќе отпише камати на околу 150 илјади граѓани за долгови кон државни и јавни претпријатија, но што точно значи ова?

Одговор на ова прашање добивме директно од министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Тој вели дека ова дефакто значи дека на граѓаните од социјално загрозените категории, кои не успеале во овој период поради ковид кризата да ги исплатат своите обврски кон државните институции, да им се овозможи само во однос на каматата да се избрише долгот, додека пак основниот долг ќе треба да си го платат.

„Тие средства од таа категорија на граѓани и онака државните институции ќе биде малку потешко ја реализираат наплатата, така да ние на ова не гледаме како изгубени приходи туку гледаме да им се излезе на граѓаните во пресрет“, додава Бесими.

Целото интервју ќе може да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: