Во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 гости беа две мајки, Славица Гајдаѕис Кнежевиќ и Мирјана Фотевска со кои разговаравме за тоа како е да се биде родител на дете припадник на ЛГБТ заедницата.
Ги запрашавме како се почувствувале кога прв пат дознале дека нивниот син е геј.
„Кога официјално ни кажа, нормално е дека тоа го доживуваш како шок. После тоа се прашував дали некаде згрешив, тоа се тие фазим па него го прашував дали е сигурен и слично. Сите тие процеси морав да си ги поминам во главата, уште поголем проблем за мене беше што јас во тој момент мислев дека не познавам ниедно геј дете, никој од ЛГБТ заедницата во мојата околина, а камоли родители“, посочува Фотевска.
Таа додава дека во тоа време и било потребна група на родители, односно луѓе кои поминале низ тоа и кои ќе ја разберат низ што поминува во моментот.
Нејзиниот сопруг Ѓорѓи вели дека тој побрзо се косолидирал со ситуацијата.
„Многу брзо осознав кој се моите приоритети како родител и што ми е мене важно како родител. Таа поддршка што му ја дадовме на синот беше клучна за неговото понатамошно развивање, тој е прекрасен човек кој напредува со големи чекори денес“, додава Фотевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Гајдаѕис Кнежевиќ: Имам обврска да проговорам за да ги охрабрам родителите да почнат отворено да зборуваат на оваа тема
- Фотевска: Од почетокот имав некои мои стравови кои беа поврзани со тоа како ќе биде прифатено
- Гајдаѕис Кнежевиќ: Кога прв пат дознав бев шокирана и тотално затечена, не заслужуваше таква реакција
