Речиси 5 часа има глобален пад на популарните мрежи Фејсбук, Месанџер, Ватсап и Инстаграм.
Се работи за мрежи кои се под покровителство на Фејсбук.
Проблемите со пристапот започнаа некоја минута по 17 часот, а околу 17:40 часот услугите целосно беа оневозможени.
Нема официјални информации за причините за падот дури и неколку часа по несреќата, но несреќата се припишува на проблеми со DNS -серверите.
Во меѓувреме се огласија и од Фејсбук, од каде велат дека се работи на проблемот.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа за да се вратат работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, истакнаа од Фејсбук.
Слични пораки пристигнаа и од Инстаграм и од Ватсап.
Акциите на Фејсбук во моментов се намалија за повеќе од 5,50 проценти, со што се намалува пазарната вредност за повеќе од 50 милијарди долари.
Околу 21:30 часот, луѓето почнаа да пријавуваат и проблеми на Твитер, каде што добар дел од корисниците на Фејсбук се прелеаа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – во моментов не се достапни
- Се огласија од Фејсбук: Се работи на проблемот
- Фејсбук услугите во прекин – Твитер полн со реакции и потсмев
- Падот на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап трае веќе два часа
- Тричасовен пад на најпознатите социјални мрежи