На прашање на модераторот во однос на Преспанскиот договор и тоа дали се очекува такво лидерство од Србија и Косово, заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер вели дека поентата е во тоа што се бара од двете страни да направат, а тоа не е лесно.
„Мора да направат компромиси“, додава Палмер.
Тој вели дека за нормализирање на односите идеално би било да се испочитува ставот на САД.
„Заемно признавање. Нашата визија за иднината е Србија да биде членка на ЕУ, Косово да биде членка на ЕУ. Како може да имаме две членки на ЕУ кои не се признаваат меѓусебно? Работиме кон остварување на таа цел. Во фокусот на дијалогот е целосно нормализирање на нивните односи. Тој процес мора да се одвива чекор по чекор, но ќе биде успешен само ако двете страни го покажат потребното лидерство“, порача Палмер за ТВ21.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 17:30 часот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Палмер за ТВ21: ЕУ го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина
- Палмер: Во Договорот од Вашингтон има елементи кои силно ја поддржуваат работата на Лајчак и ЕЕАС
- Палмер: Нашата визија за иднината е истата што ја имаат и балканските држави за себе
- Палмер за ТВ21: Северна Македонија стори сѐ што ЕУ побара од неа – „Заслужија да ги отпочнат преговорите“
- Палмер за ТВ21: Преспанскиот договор е пример за регионот
