„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев не наидоа на разбирање од премиерот“, вели Пауновски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сега веќе поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на својот Фејсбук профил упати огромна благодарност до сите граѓани кои во неговиот „пркос“ ги согледале неговите искрени намери и желба за силна, стручна и независна европска институција.

„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен.Горд сум на се што направивме заедно! Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, пишува Пауновски.

Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: