Ако сакате да боите на традиционален начин, а при тоа да избегнете хемикалии и да добибиете убави бои, тогаш земете ги овие магични растенија и фатете се за работа, пишува Lovesensa.
1. Коприва
Покрај тоа што е лековита и хранлива, копривата е совршена боја за јајца. Килограм сечкана коприва потопете ја во вода и варете додека не зоврие, а потоа намалете ја топлината и оставете да се вари уште 15 минути до половина час. Оставете да се излади. Во добиената боја на коприва се ставаат тврдо варени јајца и се остава да отстои преку ноќ. Бојата често се прифаќа без употреба на оцет, но за да бидете сигурни, истурете 2 лажици алкохолен оцет во бојата во која сте ги ставиле јајцата. Ќе добиете јајца во уникатна зелена боја.
2. Глуварче
Во литар вода истурете 300 гр сецкани цветови од глуварче. Зовријте вода со глуварче и оставете уште 20 минути откако ќе зоврие. Кога добиената боја ќе се олади, додадете 2 лажици оцет, а потоа ставете тврдо варени јајца во бојата и оставете ги во фрижидер преку ноќ. Ќе добиете убаво пастелно жолто јајце. Ако сакате појака боја, тогаш згответе лушпи од црвен кромид со глуварче.
3. Див анасон
Ова растение е одличен избор за фарбање јајца. Покрај тоа што ги бојадисува јајцата во светло зелена боја, при готвењето ослободува и прекрасен мирис. Можете да ги користите стеблото, цветовите и листовите, а бојата се подготвува на ист начин како бојата на глуварчето и копривата. На почетокот не додавајте оцет, туку внимавајте да ви се допадне нијансата што ја добивте. Додадете оцет ако сакате потемна боја.
Забелешка: Пред да ги користите овие растенија за боење јајца, консултирајте се со професионалец. Растенијата треба да ги бере лице кое може со сигурност да ги препознае.
ПРОЧИТАЈ И:
- ВИДЕО: Уникатни велигденски јајца – со ниту една купена боја нема да добиете толку убава нијанса!
- Потребна ви е само мрежичка од компири: Ова се најубавите јајца за Велигден – потполно природни!
- ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БОЕЊЕ ЈАЈЦА! Најубавите нијанси и дезени се „добиваат“ на целоснo бела лушпа
- Единствен начин да добиете интензивна жолта боја на велигденските јајца – 2 лажици од овој зачин измешајте со вода!Резултатот е неверојатен!
- Кликер техника за боење велигденски јајца: Ќе се воодушевите! (ВИДЕО)
- Боење велигденски јајца со салфетки: Ќе ги добиете најубавите мермерни шари (ВИДЕО)
- Еве како да ги избелите велигденските јајца: Техника која не ја разредува лушпата! (ВИДЕО)
- Вратете се на традицијата и шарајте ги јајцата во кромид: Стара метода за украсување за преубава и природна боја
- Зелени велигденски јајца: Еве како на природен начин да добиете интензивна боја
- Еве како да добиете интензивна црвена боја на јајцата: Метода која дава најдобри резултати
- Космички јајца за Велигден – оваа шара може да ја добиете од само еден чај!
- Со овој трик сигурно нема да ви пукне јајце за Велигден
- Како да добиете светкави велигденски јајца: Потребно ви е бело вино и шеќер – испробајте го овој трик!
- Боење јајца со памук: Наједноставна, а најубава техника (ВИДЕО)
