Заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер во интервју за ТВ21 посочи дека земјите од Западен Балкан мораат да овозможат добро управување и траспарентност.
„Јас мислам дека најважно на Балканот е управувањето. Земјите од Западен Балкан мораат да овозможат добро управување и транспарентност, владеење на правото, одговорност од страна на избраниците, исполнување на европските стандарди. Сето тоа ќе им го отвори патот кон Европа. Разговорите за картите, териториите и „нон-пејпери“ е само одвлекување на вниманието“, посочува Палмер.
На прашање на модераторот за тоа кој го прави тоа, Палмер вели дека не може да тврди дека знае.
„Но можам да ги охрабрам сите да се фокусираат на важните работи, односно регионот да постигне мир со себе, со соседите и стабилно и цврсто да чекори кон Европа“, порача Палмер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Палмер за ТВ21: ЕУ го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина
- Палмер: Во Договорот од Вашингтон има елементи кои силно ја поддржуваат работата на Лајчак и ЕЕАС
- Палмер: Нашата визија за иднината е истата што ја имаат и балканските држави за себе
- Палмер за ТВ21: Северна Македонија стори сѐ што ЕУ побара од неа – „Заслужија да ги отпочнат преговорите“
- Палмер за ТВ21: Преспанскиот договор е пример за регионот
- Палмер: За нормализирање на односите меѓу Косово и Србија идеално би било да се испочитува ставот на САД
- Палмер за ТВ21: Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје
