За магистерот по археологија, Никица Корубин, вознемирувачки се снимките кои ТВ21 ги објави вчера од локалитетот Скупи. Таа реагираше за методологијата на работа на нејзините колеги археолози и начинот на кој се третираат наодите.
Корубин не ја поддржува можноста таму да се изгради откако ќе завршат истражувањата од Центарот за конзервација.
Културното наследство е нашиот идентитет, вели археологот Корубин и дека со занемарување на овие локалитети покажуваме рамнодушност кон идентитетот. Додава дека државата не се грижи за културното наследство.
Оваа и многу други реакции на професори, експерти и други археолози следуваа по објавувањето на снимката од ТВ21, каде одблиску може да се види археолошкиот локалитет, каде се пронајдени неколку надгробни споменици со натписи, но голем дел од нив немаат соодветен третман па дури и се оштетени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Плочата со натпис „Дарданус“ оштетена – Асланај: По два дена плочата ќе биде испратена во државниот музеј
- Отстранета плочката со натписот “Дарданус”. Ќе се изгради зградата!
- По сторијата на ТВ21, градежниот инспекторат ги запре ископувањата – поставена жолта лента
- Обвинителството да преземе мерки – Асани: Пронајдениот епитаф покажува Илиро-Арберешко-албанско потекло
- Трговски објект врз антички гробишта? – Изградбата може да почне по завршување на археолошките истражувања
- Оштетени античките гробишта во Скопје – искршени плочи и небрижност при работа
- Археологот Кoрубин со критики до своите колеги: Според која методологија гробните прилози и антрополошки остатоци се оставаат на лице место?
