Директорот за заштита на културното наследство, Аријан Асланај уверува дека ископуањата во археолошкиот локалитет „Античко Скупи“ отсега ќе се врши на најпрофесионален можен начин. Синоќа во „Клик плус“ призна дека поради невнимание и немање средства биле оштетени некои епитафи кои биле пронајдени на тој простор.
„Верувајте дека од утре, бидејќи работата стана многу голема, нема да биде професионално туку суперпрофесионално. Но сега штетата е направена! Што да правиме сега од „Систина“ и на некои 2-3 километри од сите тие гробишта. Да, зачувани се, зачувани се сите оние саркофази што ги видовте на гробиштата со натписи, бидејќи има и поинтересни, на пр. „Арванитус“ со имиња кои се уште пооригинални. Дека овде имало секакви племиња“, вели Ариан Асланај.
Асланај увери дека сите пронајдени епитафи ќе бидат зачувани бидејќи не се камчиња што некој може да ги скрие. Според него, целата локација на „Скупи“ е во мизерна состојба поради негрижата на институциите. Тој вели дека лично ќе ги стопирал ископувањата додека не ги добие средствата за работа и соодветните финансии.
„Ако мене ме прашувате, јас лично со закон строго би забранил археолошки ископувања. Се додека немаме средства, немаме финансии“, вели Ариан Асланај.
-На овој локалитет или?
„Не само на овој локалитет, туку за се во државата, особено за археологијата. Зборувам за алатки не само за финансии, а особено за археологијата, зборувам за алатки како опрема и слично,но и дневници и затоа доаѓа до ваква негрижа“, додава Ариан Асланај.
Асланај се пожали и на немање инспектори кои би ги проверувале таквите места. Тој се пожали и на недостиг од албански археолози во Дирекцијата со која раководи. Според него, проблемот лежи во ниските плати кои не се повисоки од 25.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Плочата со натпис „Дарданус“ оштетена – Асланај: По два дена плочата ќе биде испратена во државниот музеј
- Отстранета плочката со натписот “Дарданус”. Ќе се изгради зградата!
- По сторијата на ТВ21, градежниот инспекторат ги запре ископувањата – поставена жолта лента
- Обвинителството да преземе мерки – Асани: Пронајдениот епитаф покажува Илиро-Арберешко-албанско потекло
- Трговски објект врз антички гробишта? – Изградбата може да почне по завршување на археолошките истражувања
- Оштетени античките гробишта во Скопје – искршени плочи и небрижност при работа
- Археологот Кoрубин со критики до своите колеги: Според која методологија гробните прилози и антрополошки остатоци се оставаат на лице место?
- Археолошкиот локалитет Скупи е брутално урбанизиран – Корубин: Вознемирувачки се снимките од ископувањата
